
Во девет италијански региони денес не се забележани смртни случаи од коронавирус, додека бројот на пациенти се зголеми за скоро четири пати во однос на вчерашниот ден.
Во Италија починаа 85 пациенти во последните 24 часа, така што вкупниот број се зголеми на 33.774 од почетокот на пандемијата.
Новите податоци од Агенцијата за цивилна заштита покажаа нагло зголемување на бројот на заразени, 518 нови позитивни случаи, од кои најмногу во Ломбардија, 402.
Притисокот врз болниците продолжи да се намалува бидејќи 200 помалку беа хоспитализирани, а 22 помалку се на интензивна нега.
Официјалните лица велат дека повеќето пациенти кои се наоѓаат на интензивна нега се оние кои се лекуваат подолго време.
Италијанските медиуми пишуваат дека ненадејниот скок на бројот на пациенти е последица на значително помал број тестови вчера во однос на денес.