Во Италија се трча за да се разведат

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Пред тоа требаше да поминат барем три години меѓу официјалната разделба и почетокот на постапката.

1471432480-shutterstock-172133633-1

Разводите во Италија се зголемија за 57%, откако беа донесени закони, кои ја олеснуваат постапката, пренесува “Франс прес”. Минатата година во Италија имало 82.469 разводи. Тоа е за 57 проценти повеќе отколку во 2014 година, покажуваат статистичките податоци.

Поголемиот број на разводи се должи на комбинираниот ефект од два закона, едниот, усвоен на крајот на 2014 година, ја олесни постапката за разделба и развод, а другиот, донесен во мај 2015 година, го намали рокот меѓу разделбата и разводот.
Пред тоа требаше да поминат барем три години меѓу официјалната разделба и почетокот на постапката за развод. Овој период е веќе една година.

Во 2015 година свадбите во Италија се зголемија за 2,4 проценти, за прв пат од 2008 година. Овој позитивен тренд продолжува и во првата половина на 2016 година.

Претежно католичката Италија ги легализира разводи во 1970 година, а абортусите – во 1978 година. На почетокот на оваа година таму беа легализирани и истополовите граѓански бракови.