Во Италија уапсен македонски државјанин кој регрутирал борци за ИСИС

од desk3
104 прегледи

Антитерористички тим на италијанските карабиниери во Местре, град во близина на Венеција, уапси македонски државјанин, осомничен за регрутација на џихадисти кои сакаат да се борат за Исламска држава.

51-670x374
Како што пренесе АНСА, уапсениот во радикалниот ислам бил воведен од неименуван босански имам. Идентитетот на македонскиот државјанин не е објавен, а тој бил уапсен по истрага врз неколку луѓе од Балканот кои живеат во североисточниот дел на Италија.

Тие се осомничени дека воспоставиле мрежа за регрутирање и индоктринација на странски борци на блискоисточните боишта.

Истрагата на италијанските специјалци открила дека неколку борци од македонско и босанско потекло заминале од Италија во Сирија, од кои двајца беа убиени во 2013 и 2014 година, додека третиот се уште е во воената зона.