Во Италија уапсени две лица за шпионажа во корист на Русија

од Stefanija Kuzmanovska
226 прегледи

Две лица беа приведени во Италија под сомнение за шпионажа во корист на Русија, соопштија тамошните власти.

Во соопштението се прецизира дека станува збор за руски офицер и капетан на италијанската морнарица.

„Акцијата беше спроведена за време на нивниот таен состанок веднаш откако италијанскиот офицер ги предаде тајните документи во замена за паричен износ. По завршувањето на официјалните постапки, офицерот беше уапсен, додека позицијата на странскиот државјанин сè уште се разгледува во врска со неговиот дипломатски статус“, се вели во соопштението.

Италијанската полиција соопшти дека притворањето се случило во вторникот вечерта. Истрагата за наводната криминална активност е спроведена со учество на италијански специјални служби – Агенцијата за внатрешни информации и безбедност (АИСИ) и Генералштабот на Министерството за одбрана. Рускиот офицер во изјавата е наведен како „акредитиран во амбасадата во Италија“.

Слични содржини