Во изминатото деноноќие хоспитализирани се 69 пациенти во скопските клиники

од Andreja Salpe
284 прегледи

Поради компликации од корона вирусот, во изминатото деноноќие хоспитализирани се 69 пациенти во скопските клиники. Вкупно 702 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

На Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми, а во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни, а 4 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 9 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 59 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1699 и има околу 335 празни болнички кревети во ковид центритe.

Слични содржини