Во јануари и во февруари најмногу летови за Истанбул и Цирих

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Во првите два месеца од оваа година, на двата аеродроми во Македонија забележано е зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период минатата година, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Од аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 171.510 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 130.264 патници што претставува зголемување на бројот на превезени патници од 31.7 отсто.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во јануари и во февруари, регистрирани биле 168.418 превезени патници што во споредба со истиот период од лани биле превезени 127.696 патници, се забележува зголемување од 31.9 отсто.

На охридскиот аеродром во првите два месеци биле се превезени 3092 патници, што во споредба со лание повеќе за 20,4 отсто.

Патниците најмногу летале кон Истанбул, Цирих, Базел, Виена, Малме, Лондон и Минхен./извор +Инфо