220
Јапонија вчера забележа повеќе од 90.000 случаи на ковид, а толку заразени немало на дневна основа од 17 февруари, покажаа официјалните податоци на Јапонската служба за јавно здравје.
Експертите велат дека високо заразниот подвид на омикрон БА.5 е одговорна за седмиот бран на коронавирусот, објави „Кјодо“.
Денеска се регистрирани 94.493 заразени лица, наспроти околу 104.000 во февруари.
Властите во Токио соопштија дека јапонскиот главен град имал 16.878 случаи, додека префектурата Осака имала 10.452.
Министерот за здравство, Шигејуки Гото, на експертски панел рече дека владата претпоставува дека бројот на нови случаи ќе се зголеми во многу региони низ земјата, пренесува „Танјуг“.