Во Јапонија денеска е погубен 40-годишниот Кинез Веи Веи, кој беше осуден за убиство на четиричлено семејство, и тоа претставува прво погубување на странец откако во 2007 година почна откривањето детали за казната на осудените, соопшти Министерството за правда.
Меѓу убиените членови на семејството имаше две деца, 11-годишно момче и осумгодишно девојче.
Веи Веи убиствата ги сторил во 2003 година, со двајца свои сонародници. Другите двајца побегнале во Кина, каде биле уапсени. Едниот од нив бил погубен во Кина во 2005 година, а вториот добил доживотна казна затвор, соопштија јапонските медиуми.
Јапонија е една од само двете земји од Г-7 кои ја задржаа смртната казна-покрај САД, и тоа што е важно е дека големо мнозинство од јавноста ја поддржува ваквата одлука.
Смртната казна во земјата се изведува во бесење. На осудениците не им се кажува денот на егзекуцијата се до утрото кога казната треба да биде изврешена.