Во јавниот сектор работат 129.374 административци, само 13% од нив се во Владата и министерствата

од Nikola Popovski
195 прегледи

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу денеска на прес-конференција информира дека бројот на вработените во јавниот сектор, заклучно со 31.12.2022 година, изнесува 129.374 лица.

Тие својот работен ангажман го остваруваат во вкупно 1354 институции. Бројот на институции во однос на 2021 година е зголемен за 8.

-Споредбено со извештајот за 2021 година, бројот на вработени во јавниот сектор е намален за 2714 вработени, појасни Алиу.

Министерот појасни дека во Владата, министерствата и органите во состав на министерствата се вработени само 14.501 лице, што претставува само 13% од вкупната бројка во јавниот сектор.

-Најголем процент на вработените во јавниот сектор се во дејноста образование, потоа здравство, управа, комунални работи итн, истакна Алиу на денешната прес-конференција.

Слични содржини