Во јавноста се појавија експлицитни фотографии од љубовницата на тајландскиот крал

од Stefanija Kuzmanovska

Експлицитни фотографии на кои може да се види гола љубовницата на тајландскиот крал биле испратени до активистите против монархијата за да се обидат да ја „саботираат“.

Повеќе од 1.400 снимки од љубовницата на тајландскиот крал Маха Вајиралонгкорн – од кои на повеќето е гола или полугола – се испратени до критичарите на кралското семејство.

Протекувањето на „многуте експлицитни“ фотографии на Синанати Вонгварапакди, позната и како Кои, се чини дека е поврзано со горчливото ривалство помеѓу љубовницата на кралот и неговата сопруга, кралицата Сутида.

Откривањето на дрските снимки, од кои некои покажуваат како Кои провокативно позира гола или полугола пред камерата, доаѓа откако таа се приклучи на кралскиот харем, за минатата година да биде протерана од судот и испратена во затвор.

Синенати, која е воена медицинска сестра и пилот, ги поврати своите кралски и воени титули откако претходно беше обвинета за обид за поткопување на официјалната сопруга на кралот Сутида.

Фотографиите – за кои се верува дека ги направила самата Синенати – биле испратени до британскиот новинар Ендру МекГреог Маршал, кој напишал критички написи за тајландската монархија, објави „Тајмс“.

„Фотографиите се очигледно од личните телефони на Кои. Повеќето се фотографии што таа самата ги направила, а десетици се многу експлицитни. Се чини веројатно дека таа ги направила овие експлицитни фотографии со цел да ги испрати до Вајиралонгкорн“, напишал тој на Фејсбук.

1.443 фотографии се направени помеѓу 2012 и 2014 година и вклучуваат фотографии и снимки од Кои топлес и долна облека.

Слични содржини