Во јубилејната статија Фидел Кастро посочува: Зошто двете големи држави Русија и Кина нема да дозволат некој да им се заканува?

од Vladimir Zorba
103 прегледи

1471112180-1

Легендарниот Командатне го укори Обама дека не му се извини на јапонскиот народ при посетата во Хирошима

Навршив 90-годишен јубилеј, вели легендарниот кубански лидер Фидел Кастро во својата најнова статија која е резиме на долгиот живот и размислување за најжешките светски проблеми. Статијата е објавена на порталот Cubadebate, пренесуваат светските агенции.
Изразувајќи благодарност за бројните честитки и подароци, поранешниот шеф на Куба, го сподели своето мислење за актуелни светски проблеми и растечката тензија, поради глобалното спротивставување.

“Такви големи држави како Русија и Кина никогаш нема да дозволат да бидат заплашувани со нуклеарно оружје или да им биде наметно користење на таквото оружје. Тоа се народи со голема моќ и интелигенција”, истакнува Фидел Кастро.

Во написот Фидел потсетува за конфронтацијата со Вашингтон, додека ја водел земјата, пред да се повлече во 2006 година, поради здравствени проблеми.

“Направив смели макиавелски планови за претседателите на САД”, уверува револуционерниот водачи, кој според кубанските служби за безбедност бил цел на 634 заговори меѓу 1958 година, една година пред неговото доаѓање на власт, и 2000 година, пренесе АФП.

Во однос на САД Кастро изразува жалење за тоа што за време на посетата на Хирошима Барак Обама не побарал прошка за фрлените атомски бомби во 1945 година над јапонските градови.

“Треба одново и одново да повторуваме за потребата да биде зачуван мирот и дека ниту една држава нема право да убива милиони луѓе”, потсетува легендарниот Командатне