Минатиот месец, истражители ја пребарале кабинетот на Каролин Дезир, белгиска министерка за образование, и пронашле 50 вреќички со кокаин, пишува The Brussels Times. Сомневајќи се дека е поврзан со нив, уапсиле асистент во нејзината канцеларија.
На 15 декември министерката била известена дека нејзин асистент, задолжен за опрема и логистика, бил уапсен како дел од истрагата за трговија со дрога, објасни нејзиниот портпарол во соопштението за печатот.
„Ден подоцна е спроведена постапка за разрешување поради злоупотреба на довербата согласно прописите кои важат за министерските должности“, објави министерката на социјалните мрежи.
„Беше претресена неговата канцеларија за да се провери дали има сомнителни предмети. Откриени се околу 50 вреќички со бел прав“, додаде таа.
Од нејзиниот кабинет наведуваат дека преку адвокат стапиле во контакт со истражниот судија кој ја отворил истрагата, додавајќи дека самоиницијативно соработувале со истражителите. Вреќичките со кокаин истражителите ги одзеле истиот ден кога биле пронајдени. Од кабинетот додаваат дека „оттогаш ништо повеќе не откриле и не сакаат да испрашуваат ниту еден друг вработен во кабинетот“.