Во кафеана и со потврда дека сте прележале корона во изминатите 45 дена

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Покрај бараниот сертификат за вакцина, ќе биде доволно да се приложи и потврда дека пациентот бил заболен од ковид во изминатите 45 дена, изјави на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Сето ова ни укажува дека единствено решение е да се зголеми опфатот на вакцинирани. Се зголеми интересот по најавата за новите мерки. Ако граѓаните имаат дилема, сакам да ги охрабрам да одат да се вакцинираат. Одличен е одзивот по најавата за новите мерки. Околу 8.000 граѓани се вакцинираат со прва доза. Популацијата која е вакцинирана е многу мал дел, што значи тоа се безбедни граѓани“, рече Филипче.

Засега нема да има рестрикции за влез и излез од Македонија, но министерот за здравство кажа дека дополнително ќе се разгледува и тоа прашање.

Слични содржини