299
Откако беше спроведена редовната дезинсекција и дератизација, како и акција за спречување на појава на влекачи по населените места, во општина Карпош се поставува „Репелент” – средство за превенција, односно заштита од змиите.
-Службите поставуваат „Репелент” во Жданец, Трнодол, околу градинките и детските игралишта.Средството е безопасно за луѓето, животните и околината, а ја намалува појавата на влекачи.Истите се појавуваат во повисоките места и долж Вардар, каде што вегетацијата е распространета, информираат од општина Карпош.