Во Кичево 81 лице во изолација

од Берта Китинска
356 прегледи

Состојбата во Кичево е стабилна, нема регистрирано нарушувања на јавниот ред и мир, собирања на граѓани, нема кражби и други казнени дела и не се регистрирани сообраќајни незгоди во периодот од 7 часот на 26 март до 7 часот на 27 март, инфомира Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид, што го покрива подрачјето на Кичево.

Тој додава дека непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Моментно, СВР Охрид по основ на изјава за самоизолација и решение за изолација, контролира вкупно 607, од кои во Кичево се 81 лице.

Слични содржини