Во Кичево, Македонски Брод и Пласница денеска гласаа 682 лица

од Берта Китинска
312 прегледи

Во општините Кичево, Македонски Брод и Пласница денеска правото на глас го остваруваат вкупно 682 лица – изнемоштени и болни. Гласањето почна навреме, во 7 часот, и до овие моменти се одвива без потешкотии, информираат од изборните комисии на овие три општини.

Во Кичево право да гласаат денеска имаат 486 болни и изнемоштени, во Македонски Брод имаат 130 лица и во општина Пласница од оваа категорија на луѓе право на глас денеска имаат 66 лица.

За денот на изборите утре во Кичево право на глас имаат 50 410 гласачи кои ќе имаат можност да гласаат на 113 избирачки места. Во Македонски Брод право на глас утре имаат вкупно 5051 гласач кои ќе гласаат на 42 избирачки места и во општина Пласница утре ќе треба да гласаат 5045 гласачи во девет избирачки места.

Слични содржини