Во Киев осветлена елката според новиот календар

од Stefanija Kuzmanovska
197 прегледи

Новогодишните елки беа вклучени на главните плоштади во Киев, бидејќи според новиот јулијански календар на Украинската православна црква, Божиќ се слави на 25 декември годинава, пренесува „Ројтерс“.

Во септември во Украина беше воведен јулијанскиот календар, според кој големите црковни празници ги менуваат датумите и се слават 13 дена порано во споредба со Грегоријанскиот календар.

За време на војната со Русија, ова е првпат за многу Украинци да не го слават Божиќ на 7 јануари, што е поддржано од главното црковно тело во земјата да се дистанцираат од верските практики во Русија.

Светлата се вклучија на плоштадот пред катедралата Света Софија од 11 век, додека собраните семејства јадеа палачинки и пиеја варено вино на околните киосци.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко симболично ја запали елката, додавајќи дека дрвото е купено од приватни донации, со цел да се овозможи користење на јавните средства за армијата.

Слични содржини