Во Киев отворена теренска канцеларија на Меѓународниот кривичен суд

од Radmila Tasevska
252 прегледи

Во Киев денеска е отворена теренска канцеларија на Меѓународниот кривичен суд (МКС) заради зајакнување на соработката меѓу Украина и МКС во истрагата за воените злосторства извршени од Русија, изјави главниот обвинител на Украина Андриј Костин.

„Мило ми е што можам повторно да му посакам добредојде на мојот пријател [обвинителот на МКС] Карим Кан во Киев. Денеска заедно ја пишуваме историјата на борбата за правда… Направен е уште еден чекор за понатамошно зајакнување на нашето партнерство – т.н. Отворена канцеларија на Меѓународниот кривичен суд во Украина. Ова е најголемото претставништво на МКС надвор од Хаг, рече тој на заедничкиот прес со Кан во Киев.

Според украинскиот јавен обвинител, работата на теренската канцеларија на МКС ќе помогне да се зајакне соработката меѓу Украина и МКС.

„Тоа ќе ја зголеми ефективноста и навременоста на одговорот на злосторствата што Русите секојдневно продолжуваат да ги вршат врз Украина и Украинците, рече Костин.

Слични содржини