189
Украина во петокот беше домаќин на меѓународна конференција за одбранбената индустрија како дел од напорите на владата да го зголеми производството на оружје во земјата за да се одбие рускиот напад и да се намали надворешната зависност од испораките на оружје, објавија денеска светските медиуми.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски, говорејќи на отворањето на Меѓународниот форум за одбранбена индустрија, рече дека во Киев се собрале околу 250 одбранбени компании од повеќе од 30 земји, пренесе АП.
На настанот присуствуваа и министри за одбрана и претставници на повеќе земји.