Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје информира дека во четврток, 12 декември, со почеток во 19.30 часот, во соработка со Региноналната феминистичка антифашистичка мрежа (ФАМа) ќе се одржи настан по повод одбележување на 80 години од основањето на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ), во Кинотека на Македонија.
На овој настан, предвидено е учество на експертки и активистки од регионот со цел заедничко одбележување на наследството и влијанието на АФЖ, осврнување на заедничката историја и на вредноста на антифашистичкиот фронт на жените во денешен контекст.
Свои обраќања ќе имаат учесничките од регионот од Феминистичката антифашистичка мрежа ФАМа, а македонскиот глумец Никола Ристановски ќе го изведе авторскиот текст „Таа“ на македонската теоретичарка на уметност Искра Гешовска. Учениците од СУГС „Никола Карев“ ќе ја изведат изведбата „Духот на слободата“ – историско движење за правата на жените коишто започнале со антифашистичка солидарност во регионот.
Влезот во Кинотека е бесплатен за сите посетители.