СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата трае до 15 март 2017 година.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА:
НАЈАВА: Утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Позначителни локални врнежи се очекуваат попладне, во западните и јужните делови на земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, повеќе ќе биде изразен долж Повардарието. Потоа се очекува извесно стабилизирање на времето, но ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец што ќе предизвика пад на дневната температура.