Во Кочани краделе крстови од гробиштата за да се затоплат

од desk3
118 прегледи

Роднини на починати забележале дека недостигаат речиси сите дрвени крстови во новиот дел од гробиштата во Кочани. Тие сведочат дека кога отишле на Задушница, забележале дека се однесени повеќе од 90 отсто од крстовите.

– Ни кажаа дека биле забележани луѓе кои ги ставаат дрвените крстови во вреќи. Тие денови беше многу студено, па претпоставивме дека ги употребиле за огрев. Сепак, бизарно е да се крадат крстовите – рече една кочанка.

kocani

Роднините велат дека досега се краделе цвеќиња, саксии, па дури и храна, но крстовите никогаш не биле чепнати. Го повикуваат кочанското јавно претрптијатие „Водовод“, кое ги одржува православните гробишта, да се погрижи и да ги осигура гробиштата.

– Ова е своевидно скренавење на гробиштита и на православната вера, бидејќи крстот е верски симбол. Јавното претпријатие треба да поведе сметка, сепак ние редовно плаќаме за одржување на гробиштата – велат кочанци.

Во Кочани краделе крстови од гробиштата за да се затоплат

Од „Водовод“ велат дека имаат чуварска служба, но по овој настан ќе ги засилат активностите.

Минатата недела двајца вработени на оператор со гробишта во Струмица ги откопувале гробовите и ги краделе златните предмети од покојниците. Полицијата им поднесе кривична пријава.

 

МЕТА