303
За првите четири дена од 2022 година во Општата болница во Кочани се родиле пет бебиња. Со тоа, оваа здравствена институција е рекордер во источниот регион, со оглед што во другите болници сè уште се чека на првото новороденче.
Опаѓањето на бројот на породувања во болниците во регионот е константно во последната деценија, при што според податоците од Државниот завод за статистика, минатата година на Истокот во државата е регистриран вкупен негативен прираст од околу 1.300 лица.
Во Општата болница во Кочани годинава по подолг период првото новороденче се роди на 1 јануари, при што од раководството на здравствената институција истакнаа дека иако минимално, сепак е регистрирано покачување на бројот на породувања.