Во кое време од денот кафето има најдобар ефект?

од Vladimir Zorba
713 прегледи

Иако изгледа најдобро да пиете шолја кафе веднаш штом ќе се разбудите, сепак постои подобро време да го испиете овој пијалок доколку сакате целосно да го искористите.

Не треба да пиете шолја кафе штом станете од кревет, туку еден час откако ќе се разбудите. Во тој момент, производството на кортизол во телото е на еден од трите врвови во текот на денот, покажаа резултати од клиничка студија.

Кортизолот генерално се смета за „хормон на стресот“ затоа што се лачи во поголеми количини кога чувствуваме стрес или напнатост во околности за кои сметаме дека се напорни. Но, кортизолот може да се смета и за „хормон на будност“, бидејќи причината што телото произведува повеќе кортизол кога сме под стрес е да нe разбуди и да не држи будни.

Консумирањето кофеин додека телото е на врвот на производството на кортизол го учи телото да произведува помалку кортизол, велат хронофармаколозите кои го проучуваат начинот на кој состојките на лековите, како што е кофеинот, влијаат на природните биолошки ритми на нашето тело.

Ова не само што го поткопува ефектот на кофеинот, туку исто така ја намалува способноста за возбуда што ја има кортизолот. Покрај тоа, може да придонесе за развој на толеранција на кафе, што значи дека ни треба се повеќе и повеќе кафе за да ги постигнеме истите ефекти.

Значи, за целосно искористување на ефектите што ги нуди кафето, испијте ја првата шолја еден час откако ќе се разбудите, пишува The Healthy.

Вториот врв на производство на котизол е околу 13 часот, а потоа околу 17 часот, па во некои од тие моменти можете да го испиете следнaта шолја кафе.

Слични содржини