Во кое време од денот се согоруваат најмногу калории?

од Stefanija Kuzmanovska
445 прегледи

Внатрешниот часовник на нашето тело диктира многу во нашта во нашиот ден. Ни кажува кога сме гладни, кога сме уморни или кога треба да спиеме, но исто така и многу повеќе.

Часовникот на телото исто така одредува во кое време од денот согорувате најмногу калории, дури и кога не правите ништо, покажа новото истражување.

Според студијата објавена во Current Biology, доцна попладне и рано навечер е периодот кога согоруваме 10 проценти повеќе калории отколку наутро.

Студијата укажува на важната улога на внатрешниот часовник на телото во регулирањето на метаболизмот. Како резултат, луѓето кои имаат неправилен распоред на спиење поради ноќни смени или други фактори имаат поголема веројатност да добијат килограми.

За да ги проценат промените во метаболизмот во текот на денот, без да бидат под влијание на нивото на активност, навиките на јадење и навиките на спиење, научниците еден месец проучувале седум учесници во лабораторија која немала прозорци или часовници.

Учесниците немаа ниту телефон ниту интернет и им беа дадени распореди кога можеа да спијат, да се разбудат и да јадат. Секоја вечер, учесниците легнуваа четири часа подоцна од претходната вечер, поради што внатрешниот часовник на телото не можеше да го следи нивниот ритам.

Сето ова беше дизајнирано така што човечкото тело не се потпира на знаци од надворешниот свет. Ова им овозможи на истражувачите да ја измерат брзината на метаболизмот во кое било време од денот, пренесува Times Of India.

Откриено е дека учесниците согорувале најмалку калории во состојба на мирување доцна во ноќта кога доживеале пад на телесната температура. Потрошувачката на енергија била најголема околу 12 часа подоцна, во вечерните и попладневните часови.

Слични содржини