Во кој дел од денот треба да испиете протеински шејк?

од desk4
420 прегледи

За оние кои редовно тренираат и се посветени на бодибилдинг, протеинските додатоци им се потребни за да може да изградат мускулна маса.

Креатинот, кој во одреден процент го имаме и во телото, најчесто се зема како додаток, особено кај оние кои сакаат да бидат посилни и да се „исчистат“ од масти, оставајќи само чиста мускулна маса.

Според сајтовите „Web MD“ и „BodyBuilding“, протеинските шејкови треба да се пијат:

По тренинг

Според директорот на Интернационалната организација за спортска исхрана, како и според „BodyBuilding“, протеинскиот шејк треба да се пие веднаш по тренинг, затоа што на мускулите им е потребно закрепнување од напорот.

Пред спиење

Со оглед на тоа што телото ќе биде неколку часа во мирување, а мускулите нема да бидат напрегнати, добро е да го пиете шејкот и пред спиење.

Веднаш по будење

Според експертите, ова е најдобриот дел од денот кога најмногу може да се искористат активните состојки од шејкот.

Пред тренинг

Некои протеински шејкови можете да ги земате пред тренинг, но мора да поминат барем 30 минути откако ќе ја испиете последната голтка додека да започнете со вежби.

Никогаш, но точно никогаш не треба да пиете протеински шејкови за време на вежбањето.

Слични содржини