Во кој период е најдобро да го испиете првото утриснко кафе?

од Stefanija Kuzmanovska
300 прегледи

Совршено време за првото утринско кафе е помеѓу 9.30 и 11.30 часот, потврдено е со најновото истражување на британски научници и лекари.

Имено, ако консумираме кафе веднаш штом ќе се разбудиме, нашето тело може да реагира целосно спротивно на нашите очекувања. Покрај тоа, оваа погрешна навика може трајно да го загрози нашето здравје и да го оштети имунитетот.

Ова се четири причини зошто мора да го одложите првото утринско кафе за периодот по 9.30 часот.

Можете да бидете повеќе поспани

Иако кафето е полно со кофеин, ако испиете шолја од овој пијалок веднаш штом ќе се разбудите, тоа може да има сосема спротивен ефект. Кофеинот го удвојува нивото на хормони на стресот и може да доведе до проблеми со спиењето, што резултира со замор. Ако денот го започнете со шолја кафе со многу шеќер, би можеле да се чувствувате уморни и поспани набрзо откако ќе го испиете кафето. Ова се случува затоа што нашето тело произведува инсулин за да го компензира шеќерот, предизвикувајќи пад на нивото на гликоза во крвта, што резултира со недостаток на енергија.

Можете да ја исушите својата кожа

Бидејќи кафето влијае на цревата, што може да предизвика дијареја, го дехидрира телото, поради што е потешко токсините да го напуштаат телото преку кожата. Ова пак ја суши кожата и ја прави поранлива на разни проблеми, како што се предвремени брчки.

Кафето може да ја зголеми анксиозноста

Наутро по будењето, нивото на хормонот на стрес е обично највисоко. Бидејќи кофеинот е стимуланс, може да ја стимулира нервозата, а кај некои луѓе може да ја зголеми анксиозноста.

Кафето може да го зголеми нивото на шеќер во крвта

Утринска шолја кафе им отежнува на клетките да го регулираат шеќерот во крвта, што може да доведе до разни болести. Високиот шеќер во крвта, пак, може да доведе до дебелина и да го зголеми ризикот од инфекции на кожата.

Слични содржини