Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, рече дека е важно навремено да се даде втората доза на вакцината против ковид 19 на оваа компанија, но додаде дека не смета дека „давањето недела или две подоцна е голем проблем“.
„Мора да бидете сигурни дека ќе ја дадете и втората доза бидејќи студиите укажуваат дека вакцината делува за три недели“, рече Бурла и додаде:
Иако предложениот период помеѓу дозите беше 21 ден, во студијата за ефикасност на вакцината на „Фајзер“, сепак беа вклучени и учесници кои примиле втори дози во „однапред дефинираниот рок“ од 19 до 42 дена, според ФДА, пренесува Си-Ен-Ен.
Постоеше загриженост дека ограниченото снабдување со вакцини ќе ги спречи луѓето да примаат втори дози на вакцини на време, пишува Н1.
Меѓутоа, ако не е можно да се придржувате до препорачаниот интервал, втората доза на вакцините на „Фајзер“/„Бионтек“ и „Модерна“ може да се закаже до шест недели, што е 42 дена по првата доза.
Во моментов има ограничени податоци за ефикасноста на mRNA вакцините против ковид 19 кои се администрираат надвор од оваа рамка.
Минатата недела Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) ги ажурираа упатствата за вакцините кои гласат:
„Втората доза треба да се даде што е можно поблиску до препорачаниот интервал.“