Откако во текот на вчерашниот ден ја отворивме аферата со пронаоѓањето на доверливи документи во контејнер за смет во непосредна близина на општинската зграда и седиштето на Општинската Изборна Комисија во Крива Паланка од лица кои веднаш пријавиле во полиција, и каде што наведовме дека помеѓу доверливите документи можеби има и лични карти, денес дознаваме дека покрај документите кои се состоеле од одредени извршни решенија на Управата за јавни приходи како и решенија за субвенции од Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство, пронајдени се и преку 200 (двесте) лични карти. Целокупната документација е превземена од екипа на МВР и е однесена во Скопје на понатамошна истрага, пишува Доказ.мк.
Целата оваа конфузна состојба, бара одговор на неколку прашања:
– Зошто баш вакви доверливи материјали и лични карти се фрлени во најблискиот контејнер за смет до општинската зграда, каде што се и канцелариите на подрачните единици на УЈП и Министерството за Земјоделие?
– Како тоа некој во свое поседство имал 200-те лични карти, и зошто баш сега во екот на објавувањето на “бомбите” на опозицијата од чиј дел се откриваат изборните измами токму со лични карти, тој што ги имал кај себе овие 200-те на број, се решил да се ослободи од нив?
– Дали можеби има поврзаност со документите од УЈП, Земјоделие и личните карти, а мора да има. Пример, личните карти се фиктивни и се користени за добивање на субвенции и одданочување на истите од добро организирана група во овие институции? Нешто слично како аферата со фиктивните ученици кои биле на список во УД “Боро Менков” а за кои се исплаќале пари на име дотација од државата.
– Дали државните институции под водство на Вмро Дпмне и Груевски се имаат претворено во злосторнички здруженија преку кои на најкриминален начин се испумпуваат државни пари во свои приватни џебови користејки податоци на непостоечки лица, прашува Доказ.мк.
