Во Косово ќе се формира Меѓународен суд за злосторствата на ОВК

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Косовскиот Парламент синоќа ги усвои уставните измени со кои се овозможува формирање на меѓународен суд за злосторствата на Ослободителната војска на Косово (ОВК).

Teroristi-OVK

САД и Европската унија кои имаа главна улога во процесот на убедување на косовските лидери да го прифатат формирањето на Судот, ја поздравија одлуката на Парламентот.

Формирањето на судот наиде на жесток отпор кај ветераните на ОВК, неколку пратеници на Демократската партија на Косово на Хашим Тачи, како и кај опзоцијата. Ветераните на ОВК се заканија дека „секој кој ќе гласа за Судот ќе го сметаат за предавник“.

Предлог-законот за правна и финансиска помош за потенцијалните обвинети од Специјалниот суд не беше поддржан од пратениците на Српската листа со образложени дека тоа не е праведно кон жртвите.

Судот ќе процесира злосторства на припадниците на ОВК врз основа на истрагата која го водеше специјален тим на истражителот Клинт Вилијамсон, како и според извештајот на специјалниот известувач на Советот на Европа Дик Марти/МИА