Полицијата во соработка со Косовската разузнавачка агенција и Специјалното обвинителство, уапси крај призерен и Србица три лица осомничени за тероризам.

Апсењето на тројцата се случи во координација со германските власти кои истовремено спроведоа налог за апсење на уште едно лице.
При апсењето на тројцата криминалци кај нив се пронајдени оружје и муниција и автомобил со странски регисарски таблички, електронски прибор и други компоненти потребни за извршување на кривично дело.
На уапсените одреден им е протвор од 48 часа.