Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство за претходното деноноќие, од 4.621 тестирање се регистрирани 617 нови случаи на Ковид -19, починаа 32 лица, а оздравеле 450 пациенти.
-Утрово на редовна координација со директорите на Клиниките разговаравме за болничките капацитети, состојбата на болните, актуелната епидемиолошка состојба. Во ковид центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и координација која успешно се менаџира. Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент. Доставата на терапија оди тековно и нема застој. Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме, соопшти вчера министерот за здравство, Венко Филипче.
Според последните податоци, на вакциналните пунктови во државата и на терен вакцинирани се вкупно 763 965 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 2 057 граѓани, а вкупно се вакцинирале 13 493. Во државата вкупно се аплицирани 1.411.735 дози вакцини, а ревакцинирани се 647 769 граѓани.
Со последните бројки, 55 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 – годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.