Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 540 пациенти позитивни и суспектни на коронaвирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти позитивни и суспектни на Ковид–19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 26 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на Ковид–19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 70 пациенти, во Прилеп 73 во ковид – центарот во Гостивар 31, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 46 пациент, во Кочани 18 во Кичево осум, Кавадарци 27, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар пет позитивни и суспектни на коронавирусот.
„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 871 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид – центрите“, ссопштуваат од министерството.