Според соопштението од Министерството за здравство, во изминатите 24 часа, во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 349 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а вкупно 243 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 нови приеми на пациенти и 3 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 4 оздравени пациенти. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 нови приеми на пациенти и 3 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 4 оздравени пациенти“, велат од Министерството.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.