13
Министерството за здравство информира дека поради прекин во водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања кај децата – Козле, веднаш е побарано од Клиниката за детски болести и инфективна времено да ги згрижат пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација, додека во Козле ќе продолжи третманот на пациенти во дневна болница и амбулантските прегледи.
Оваа иницијатива е во насока на обезбедување континуитет во третманот и грижата за најмладите пациенти, велат од министерството. Се следи состојбата и по нормализирање на водоснабдувањето во клиниката во Козле, непречено ќе продолжи хоспитализацијата на пациентите во оваа јавна здравствена установа.
Болницата од вчера е без вода откако претходните денови имало слаб притисок.