• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на сајтот
Најнови вести
Доаѓаат уште едни паметни очила: Google објави детали за Android XR
Населението на Германија ќе се намали за 5% до 2050 година
Германската индустрија во криза: Минатата година изгубени повеќе од 120.000 работни места
Макрон ја повикa Индија да го поддржи „мораториумот за напади“ врз цивилите во Украина
ДУИ поднесе кривична против Филков поради „попречување на имплементација на албанскиот јазик“
ПРОЧИТАЈТЕ: www.standard.mk | www.biznisinfo.mk
Локално
Локално
  • Македонија
  • Интервјуа
  • Колумни
  • Анализи
  • Скопје
  • Економија
  • Регион
  • Европа
  • Денешни
МакедонијаСлајдер

Во Кривичен ново рочиште за двојното убиство на Вања и Панче

од Nikola Popovski 21/05/2025 8:02
21/05/2025 8:02 115 прегледи
115

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје. На изминатото рочиште заврши доказната постапка и се започна со дополнение на докази. Дополнителни докази изведуваше Обвинителството помеѓу кои имаше снимки од безбедносните камери кај Велибор Манев кои, според Обвинителството, покажуваат дека обвинетите однапред се подготвувале за убиство, а не само за киднапирање на Вања Ѓорчевска. На снимката што беше прикажана во Судот, видлив е моментот кога Манев става лопата во возилото „Рено Кангу“.

На минатото рочиште, судот прифати да се прибави снимката од банката во која бил првообвинетиот Љупчо Палевски, дента пред убиството, додека пак барањето за повикување сведоци, односно вештаци кои ја вештачеле чаурата, не е прифатено затоа што не било навремено доставено.

Палевски образложи дека согласно доказот, виш инспекторот и началник во СВР Велес, Стојан Кујанџиоски, кој ги анализирал видеото записите, пред судот ја потврдил точноста на службената белешка бр. 2532 од 7.12.2023. Истакна дека видео-снимките потврдуваат учество на три лица, а не четири, како што тврди Обвинителството.

Прочитајте повеќе:
  • Денес пресуда во Кривичен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
  • Уапсен вработениот во Народна Банка за кого Манев тврди дека е човекот што го уништил пиштолот со кој Палевски ги убил Вања и Панче
  • Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

-При преглед на видео записот е утврдено дека на камерата број 1 и камерата број 3 поставени на објект Хотел Романтик Велес го покриваат регионалниот пат (Стар пат Велес-Скопје), при прегледот на Видео-записите на ден 22.11.2023 година, во 10:35 (реално време 10:15) се забележува патнички автомобил Рено Кангу како се движи во правец Велес-Скопје по регионалниот пат и во внатрешноста на возилото се забележуваат две лица. И на ден 22.11.2023 година, во 10:35 (10:15) се забележува патнички автомобил Цитроен БХ со регистерски број ВЕ2931АД како се движи во правец Велес-Скопје и во внатрешноста на возилото се забележува едно лице, образложи тој.

Во изјава за медиуми, обвинителката Ана Стојковиќ, појасни дека снимката била изнесена во одговор на тврдењата на обвинетите во нивните искази дека тие всушност немале мотив да убиваат, туку тргнале да грабнуваат луѓе.

На прашање дали сѐ уште го бараат пиштолот, таа одговори дека имаат доволно докази кои укажуваат на вината на сите пет обвинети.

Прашана дали сѐ уште остануваат на ставот дека мотивот е користољубие, обвинителката Жаклина Трајковска одговори потврдно.

Претходно, Обвинителството презентираше дека обвинетиот Боре Видевски не бил на своето работно место на денот на грабнувањето и убиството на Вања и Панче, а воедно нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го поседувал обвинетиот.

Обвинителките наведоа неколку сторени кривични дела, за кои Палевски бил осудуван повеќе пати во период од 20 години. Одбраната тврдеше дека обвинителството нема доволно докази за неговиот клиент и за останатите обвинети за грозоморните убиства.

Во изјава за медиуми, бранителите на Палевски и Видевски побараа вештачење на пронајдената чаура.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на обвинетиот Александар Ѓорчевски, најави дополнение на доказната постапка во делот за имотната состојба на Александар и постапката која се води за денационализација за значителен имот во Кучково.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Вањадвојно убиствоПалевскиПанче
Сподели FacebookTwitterPinterestLinkedinWhatsappTelegramViberEmail

Анкета

Facebook

Lokalno

Најново

  • Доаѓаат уште едни паметни очила: Google објави детали за Android XR

    17/02/2026 16:16
  • Населението на Германија ќе се намали за 5% до 2050 година

    17/02/2026 16:08
  • Германската индустрија во криза: Минатата година изгубени повеќе од 120.000 работни места

    17/02/2026 16:04
  • Макрон ја повикa Индија да го поддржи „мораториумот за напади“ врз цивилите во Украина

    17/02/2026 16:00
  • ДУИ поднесе кривична против Филков поради „попречување на имплементација на албанскиот јазик“

    17/02/2026 15:44

Од Уредникот

  • Политичка бура во Вреди – Алтернатива и крилото на Алијанса за Албанците ја кочат формулата за двојно претседателство

    17/02/2026 10:45
  • Дански фонд „пазари“ во Скопје – цените на становите ќе растат, ќе доѓаат уште економски работници

    17/02/2026 9:56
  • ВЛЕН ги симна ДУИ од власт, има сѐ на тацна, но дали може да се искоординираат меѓусебе за да стане стабилен политички фактор?

    17/02/2026 8:12
  • Украина во ЕУ пред земјите од Западен Балкан – ги менува ли Брисел правилата на игра?

    16/02/2026 10:10

Колумни

  • Потекло на Мициленд: Тито, „топлиот зајак“ и Голи оток

    16/02/2026 14:03
  • Вештачката интелигенција – закана или можност за македонскиот туризам?

    04/02/2026 11:49
  • Мозок во кутија, совест во фиока

    04/02/2026 9:02

Скопје во срце те носам

Скопје во срце те носам
  • Facebook
  • Twitter
  • Rss
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на сајтот

© Авторски права 2026 - Сите права се задржани.

Политика на сајтот

Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.

Локално
  • Македонија
    • Политика
    • Хроника
  • Интервјуа
  • Колумни
  • Анализи
  • Скопје
  • Економија
  • Регион
  • Европа
  • Денешни