Во Кривичен повторно рочишта за „Траекторија“ и „Монструм“

од desk4
118 прегледи

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за предметите „Траекторија“ и „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство.

Случајот „Траекторија” се наоѓа во доказна постапка и во него обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски на кого му се суди во отсуство, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс директорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Случајот „Монструм“, кој се однесува за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка.

На минатото рочиште јавноста беше исклучена бидејќи се презентираа докази обезбедени со посебни истражни мерки.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, по што  случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беа вратен на повторно судење.