Во Куманово цела ноќ се пукало (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Во Куманово се пукаше цела ноќ до разденување до 5 часот   иако повеќето медиуми објавија дека најголемиот дел од терористи биле неутрализирани и речиси 30 се предале.  Сликите   и видео сепак покажуваат дека акцијата продолжува и во текот на ноќта, слушаат рафали а  имало запалени и изгорени куќи. Рано изутрината повторно прелети на реалција Куманово -Скопје, како и звуци на сирените на возилата за итна помош.  Се шпекулира дека бројот на жртвите по акцијата за разбивање на оваа криминална и терористичка група не е конечен.

куман1
Ниту МВР, ниту Владата првично не дадоа информации за мотивите на вооружената група, за бројот на загинатите и повредените, за евентуални цивилни жртви или жртви меѓу терористите.

Очгледен е недостаток на оперативни разузнавачки информации на службите , кои повторно потфрлиле , и дека не се знаело со каква група треба да се соочат . Како  последица на тоа и  извршување на задачата на полициските единици , направена е огромна загуба за полицијата со 5 убиени полицајци и над 30 ранети.

На прес-конференцијата Јанкулоска рече дека неколку од напаѓачите биле ликвидирани, без да прецизира тоа  колку. Таа додаде дека полицијата нема информации за цивилни жртви при вооружените судири во предградие на северниот град Куманово.

– Министерството за внатрешни работи утринава отпочна акција за откривање и разбивање на поголема вооружена терористичка група, која според оперативните сознанија со кои што располагавме, сакала да го искористи актуелниот политички момент и имала за цел да организира напади врз државни институции. Истата преку свои помагачи се имаше засолнето и утврдено во кумановската „Дива населба“

За колку сериозна група стануваше збор, говори фактот што членовите на истата пружаа жесток отпор скоро цели 16 часа. Тактички беа добро утврдени и ја напаѓаа полицијата со рачни фрлачи на гранати, бомби, автоматско оружје и снајпери, изјзави ЈАнкуловска , посочувајќи дека ситуацијата и натаму е сериозна и опасноста не е неутралзирана.

ку2

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хаан побара во Република Македонија да биде извршена целосна истрага за настанитекои се  случиле во реонот на Куманово.

“Длабоко сум загрижен од развојот на настаните во регионот на град Куманово, како и за загинатите и повредените таму. Сакам властите и сите политички лидери, како и лидерите на заедниците да соработуваат, да го обноват мирот и да се направи целосна истрага за настаните во еден сосема легитимен и транспарентен начин “, се вели во пораката на Јоханес Хаан.

“Сакам сите фактори да покажат воздржаност. Треба да биде избегната секаква ескалација, бидејќи тоа е во интерес на стабилноста на државата “, пишува уште еврокомесарот за проширување на ЕУ.

еу сад

Од Амбасадата на САД први соопштија и израсија сочувство до жртвите: „Длабоко жалиме за загубите на човечки животи во врска со акциите во и околу Куманово и го изразуваме нашето сочувство кон семејствата на загинатите полицајци и граѓани, како и кон оние кои се повредени. Ја следиме состојбата и сме во постојан контакт со властите и со политичките лидери. Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да дозволат утврдување на фактите“, соопшти амбасадата на САД во Скопје

Србија за денеска закажа вонредна седница на своите безбедносните служби и испратти 500 полицајци на српската жандармерија на границата со Македонија.

Бугарија изразува загриженост по повод настаните во град Куманово, Република Македонија, соопштија од Министерството за надворешни работи. ” Тие изразиле сочувство на семејствата и роднините на загинатите и повредените. Се надеваме безбедноста во погодените области на градот да биде вратена е можно побрзо и да се избегне понатамошна ескалација на тензиите и зголемување на бројот на настраданите “, пишуваат од МНР.

“Ги повикуваме сите политички фактори кон одговорно однесување, во името на стабилноста на Република Македонија и регионот. Сметаме дека статусот на Република Македонија на земја – кандидат за членство во НАТО и ЕУ бара брзо, транспарентна и темелна истрага и утврдување на она што се случило, како и преземање на сите соодветни мерки во духот на владеењето на правото “,  се заклучува  во пораката.

Смирувачки тонови и пораки  за брза разрешница на сосотојбите  упатија  и соседно Косово

Министерството за надворешни работи на Република Косово ги следи со голема загриженост на вестите на пријавени случаи на насилство во некои локации во Македонија, со објавени неколку жртви.

Република Косово ја осудува повреда на редот и безбедноста од страна на било кој поединец или група со дестабилизирачки цели во Македонија. МНР, исто така, ги повика сите партии да се воздржат од насилство и да се најде решение преку политички дијалог во рамките на институциите на државата и на Охридскиот договор, со кој се гарантира интегритетот на Македонија и на остварување на правата на заедниците

Амбасадите и претсавниците   на САД, Русија, ЕУ и ОБСЕ постојано ги следат сосостјбите и исто така со постојани пораки за внимателност и разумно и брзо надминување на новонастаната состојба.