308
Во Летонија е потврден првиот случај на мајмунска сипаница, соопшти денеска Центарот за превенција и контрола на болести на владата на таа земја.
Се наведува дека пациентот, помлад од 50 години, бил заразен во странство, пренесува „Ројтерс“.
Мајмунските сипаници се вирусна инфекција, ендемична во африканските земји Камерун, Централноафриканската Република, Демократска Република Конго и Нигерија.