Ханибал Гадафи, бизнисмен и син на покојниот диктатор Моамер Гадафи, киднапиран е денеска во Либан, наведуваат безбедносни извори.

Гадафи, кој живее во Либан, го киднапирала една вооружена група, но повеќе детали не се соопштуваат.
Раскошниот стил на покојниот либиски водач и на неговото семејство, предизвикува гнев во Либија, која ја донесе до протести во кои тој беше симнат од власт.
Ханибал, роден 1975 година, беше меѓу членовите на семејството, вклучувајќи ја и сопругата Сафија, синот Мохамед и ќерката Аиша, кои побегнаа во соседен Алжир по падот на Триполи во 2011 година.