Во Литванија се продава зграда во која ЦИА мачела затвореници

од Nikola Popovski

Објектот во кој американската разузнавачка служба ЦИА мачела затвореници во Литванија е ставен на продажба, пишува британски „Гардијан“.

Зградата на периферијата на Вилнус ја користела американската разузнавачка служба од 2005 до 2006 година за приведување на осомничени за тероризам.

Според прелиминарните информации, затворениците таму биле мачени со светлина и бучава и биле чувани во самица, а официјално е потврден само еден случај, Палестинецот Абу Зубаид. Литванската влада му платила отштета од 100.000 евра.

„Во просториите без прозорци, кои се и звучно изолирани“, можеше да се направи што и да се посака“, изјави за Ројтерс, Арвидас Анусаускас, кој ја водеше парламентарната истрага за локацијата во 2010 година, пишува Гардијан.

„Што точно се случувало таму, не утврдивме“, вели тој.

Слични содржини