На 13.08.2021 во периодот од 00.10 часот до 01.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостиелски објект на магистралниот пат Гостивар-Тетово, сопственост на Х.А.(32) од с.Боговиње, тетовско. При контролата во објектот, освен вработените лица, биле затекнати и седум лица, од кои две македонски државјанки, три руски и две српски државјанки. Притоа, седумте лица биле лишени од слобода и спроведени во полициска станица Тетово, поради основано сомнение за кривично дело согласно член 418-а од Кривичниот законик, а на разговор во полициска станица бил повикан и сопственикот на објектот, информираа од МВР.
Се работи на расчистување на случајот.