234
Околу 500.000 луѓе примија вакцина против Kовид денес во Англија, покажуваат најновите податоци.
Вкупно 8.251.146 вакцини биле инјектирани во Британците во периодот од 8 декември до 30 јануари, покажаа податоците на Националниот институт за јавно здравје, објави Скај Њуз.
Од вакцинираните, 549.943 ги примиле и двете дози вакцина Фајзер.
Министерот за вакцинација Надим Захави на Твитер напиша дека ова е нов рекорд.
„Го срушивме рекордот за еден ден. Браво за нашите тимови. Браво за здравствените работници, војниците и армијата на волонтери. Ќе успееме“, рече Захави.