Во Лондон отворена изложба посветена на Стенли Кјубрик

од Vlatko K
142 прегледи

Посетителите на лондонскиот Музеј на дизајнот од денеска ќе можат да ги видат и костимите што
актерите ги носеа во филмот „Пеколен портокал“ (A Clockwork Orange) и реквизитите од филмот
„Боев куршум“ (Full Metal Jacket) како дел од изложбата посветена на култниот американски
режисер Стенли Кјубрик, кој почина пред 20 години.


Филмови, постери, фотографии, слики, писма и интервјуа се изложени во Музејот на дизајнот под
наслов „Стенли Кјубрик: Изложба“.

Кјубрик беше сценарист, режисер и уредник, познат по својата истражувачка работа пред
почнувањето на кој било проект. Тој е познат и по тоа што му посветуваше големо внимание на
детали во филмовите „2001: Одисеја во Вселената“, „Спартак“ и други.