Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

од Vladimir Zorba

Во округот Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар кон главниот автопат и околните згради.

Пожарот зафатил површина од 14,5 квадратни километри во близина на автопатот Меѓудржавен 5 во близина на Горман, околу 100 километри северозападно од Лос Анџелес, соопшти Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари.

Пожарот избувнал во саботата околу 14 часот по локално време, а гаснењето го отежнува ветерот кој достигнува брзина од 100 километри на час, јавува Лос Анџелес Тајмс.

Слични содржини