Во луд цајтнот, С.Македонија не успеа да избегне пораз од Романија во Букурешт

432 прегледи

Имавме добра игра, но не отворивме онака како што посакувавме, Романија во Букурешт не победи со 3:2

Добро започнавме, уште во почетните минути создадовме одлична прилика, но Несторовски не снајде во шеснаесетникот. Пропуштените шанси Романците ги казнија после една наша грешка и невнимание во одбраната. Кирикеш пронајде „дупка“ и го проигра Танасе кој излезе „еден на еден“ со Димитриевски. Веднаш по голот на Романците следнуваа неколку добри прилики за нас, Елмас ја имаше најголемата, за жал изостана реализацијата.

После пет минути игра во второто полувреме, 21 годишниот фудбалер на Парма Михаила со oдлично шутираше од далечина и зголеми на 2:0.

Кога се изгледаше дека Романија ќе дојде до сигурна победа од 2:0. Блеснаа Адеми и Трајковски со два гола во 60 секунди. Прво Адеми со глава погоди по нафрлувањето од Алиоски, а само 60 секунди подоцна Трајковски го искористи додавањето од Барди.

Тој блесок за жал не го искористивме. Хаџи во 86. минута го врати водството на домаќините 3:2.

Следниот натпревар Македонија го игра во недела, дома против Лихтенштајн.

Слични содржини