Еден од најреномираните светски медиуми, специјализирани за рударскиот сектор miningsee.eu, прогнозира дека соседна Србија ќе биде витален мост во глобалното тргување со метали и минерали. Според сајтот, геостратешката поставеност на земјата во комбинација со нејзините богати минерални ресурси и стратешки иницијативи, ја позиционира Србија како клучен играч на меѓународниот пазар на метали и минерали.
„Србија е богато наоѓалиште на различни метали, вклучувајќи бакар, литиум и други ретки метали, со што таа е значаен играч во рударскиот сектор. Овие ресурси привлекуваат странски инвестиции и го поттикнуваат домашното производство, придонесувајќи за глобалниот синџир на снабдување со основните минерали. За да ги искористи своите географски предности, Србија инвестира во својата инфраструктура. Ова вклучува развој на рударските капацитети, подобрување на транспортните мрежи, како железницата и патиштата“, пишува во анализата.
Во неа се додава дека Србија негува поволна деловна клима за привлекување инвестиции во рударството.
„Тие ги стимулираат инвестициите на рударските и трговските компании, ги рационализираат регулаторните процедури и усвојуваат политики погодни за меѓународната трговија. Ваквите мерки се составен дел од воспоставувањето на Србија како сигурен атрактивен трговски центар“, се истакнува во анализата.
Целиот текст на следниот линк!