Во Македонија има 1.783 филијали на странски фирми

Странските филијали ангажираат 22.8 % од вкупно вработените и создаваат 34.6 % од вкупната бруто-додадена вредност.

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Во 2023 година, 2.6 % од домашните претпријатија во деловниот сектор се контролирани од странство, објави Државниот завод за статистика.

Во 2023 година, 1.783 или 2.6 % од претпријатијата во деловниот сектор се странски филијали – домашни претпријатија контролирани од странство.

Странските филијали ангажираат 22.8 % од вкупно вработените и создаваат 34.6 % од вкупната бруто-додадена вредност.

Најголемо учество во додадената вредност на домашните претпријатија контролирани од странство имаат секторите Преработувачка индустрија со 37.7 %, Информации и комуникации со 17.0 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 12.2 %.

Странските филијали се контролирани, главно, од европските земји, т.е. 90.6 %, земјите членки на ЕУ контролираат 57.5 % од странските филијали, во кои се ангажирани 63.9 % од вработените и учествуваат со 64.2 % во додадената вредност.

Економски најважните странски филијали се под контрола на Австрија со учество во додадената вредност од 16.9 %, Холандија 11.2 %, Германија со 10.1 % и Обединетото Кралство со 9.1 %.