Во Македонија најмногу трговски претпријатија, вработени најмногу во преработувачката индустрија

од desk3
163 прегледи

Најмногу претпријатија во Македонија се занимаваат со трговија, а најмногу вработени има во претпријатијата од преработувачката индустрија покажуваат објавените податоци на Државниот завод за статистика.

Според статистичките податоци, во 2014 година од анализирани 53.749 деловни субјекти со 353.312 вработени во кои е остварен вкупен промет од 1.012.301 милиони денари и e создадена додадена вредност од 213.205 милиони денари.

metalska-industrija

 

Од анализираните 43 проценти се во секторот трговија на големо и мало каде се ангажирани 26,2 проценти од вкупно вработени и реалзиирани 43,7 проценти од вкупниот промет. 

Секторот Преработувачка индустрија, иако учествува сo 13,2 отсто во вкупниот број претпријатија, ангажира најголем дел од вработените,
30,7 отсто, кои, пак, реализираат 25,2 отсто од вкупниот промет.

Во вкупната додадена вредност, пресметана според факторот на трошок, во 2014 година, најголемо учество имаат претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија (26,7%) и од секторот Трговија на големо и на мало (23,6%).

Во однос на големината, во 2014 преовладуваат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени учествуваат со 90,7 отсто. Во нив се ангажирани 32,9 отсто од вкупно вработените кои, пак, создале 22,9 отсто од вкупната додадена вредност. Во големите претпријатија (0,3%) се ангажирани 25 отсто од вкупниот број вработени со остварени 34,8 отсто од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор.