222
14-годишна освојувачка на златен медал на Украинското национално првенство во кревање тегови загина во гранатирањето на Мариупол, соопшти тамошниот Градски совет.
Алина Перегудова беше кандидатка за репрезентацијата на Украина и сакаше да ја претставува својата земја на највисоко ниво.
„Рускиот мир“ дојде и ја ослободи од оваа иднина“, објави градскиот совет на Мариупол на Телегра.
„Надежен спортист од регионот на Доњецк беше убиен од непријателски гранати“.
Во нападот била убиена и нејзината мајка.